Бизнис
25. јуни 2017 - 20:32

Сител на терен: Некои угостители го кријат прометот, граѓаните пријавуваат дека им се издаваат сметки кои не се фискални

Фирмите да издаваат фискални сметки, УЈП со засилени контроли на терен.  Апелираат да се почитува Законот инаку компаниите ќе се соочат со казни.  Изминатиов период инспекторите констатирале дека голем број на угостители не го регистрираат прометот во целост, а граѓаните пријавувале дека им се издаваат сметки кои не се фискални.

Екипата на Сител на терен ги праша угостителите дали секогаш издаваат фискални сметки и го регистрираат прометот во целост. Не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека уредно си ја исполнуваат обврската. Анкетираните граѓани пак едногласни дека скоро секогаш добиваат фискални, а онаму кај што нема да им дадат самите бараат.  

Фирмите треба да платат глоба од 1000 евра доколку инспекторите на лице место го констатираат неиздавањето на фискална.

Од Управата укажуваат дека спротивно и казниво со Закон, е и користењето на фискални апарати кои ги немаат функционалностите на ГПРС уредите.

И во двата случаи на неиздавање на фискални или непоседување на фискален апарат ако фирмата не ја плати глобата во рок од 8 дена ќе треба да плати казна од 4000 до 5 000 евра.

Доколку пак  инспекторите во повторна контрола увидат дека не се издаваат фискални,  објектот ќе биде затворен.