Сите настрадани во автобуската несреќа во Хрватска се полски државјани, соопшти полското МВР
– Сите загинати во несреќата на автобусот со полски регистарски таблички кај Брезнички Хум во Хрватска се полски државјани, потврди денеска полската агенција ПАП, повикувајќи се на полското Министерство за надворешни работи.
-Во овој момент можеме да го потврдиме тоа, изјави портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека „автобусот има варшавски регистарски таблички“.
Дванаесет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава, околу 5 часот и 40 минути, на автопатот А4, кај Брезнички Хум во правец кон Загреб, кога автобус со полски национални таблички превезувал патници на аџилак во Меѓугорје.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки по трагичната несреќа во Хрватска ги испрати министерот за здравство Адам Војчех Ниеџиелски и заменик министерот за надворешни работи Марчин Пжидач, а со нив патуваат и медицински лица и психолози, пренесува ПАП.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи дипломатијата Гордан Грлиќ Радман им изразија сочувство на полските колеги.
Пленковиќ денеска разговараше со полскиот колега Моравјецки во врска со сообраќајната несреќа кај Брезнички Хум и во името на хрватската Влада изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Шефот на дипломатијата, пак, му изрази сочувство на полскиот шеф на дипломатијата Збигњев Рау. Грлиќ Радман „изрази надеж за брзо закрепнување на повредените“ и нагласи дека „надлежните служби ја даваат сета потребна помош“.
„Хрватскиот народ се солидаризира со Полска и нејзините граѓани“, напиша Грлиќ Радман на Твитер.
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, золемен интензитетот надвор од градските средини
-
Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи
-
Пожарот во Националниот парк Дрина се шири и се приближува до куќи
-
Со возило на авто-школа удрен па истепан малолетник, а потоа нападната и неговата мајка
-
Воздухопловен ВИНГ - 32 години во служба на државата и гарант за воздушната независност
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември