СИРИЗА: Владата место да го поддржи Договорот од Преспа, вели дека е оправданo што не ги ратификува Меморандумите
Господинот Мицотакис преку неговиот портпарол, наместо да испрати јасна порака за поддршка на Договорот од Преспа, се фали дека наводно е оправдан што веќе две години го поткопува Договорот,со нератификувањето на Меморандумите, соопштуваат од грчката опозициска партија СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.
Соопштението доаѓа по ставот на портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој на вчерашниот брифинг со новинарите, рече дека нивниот избор да не брзаат со ратификација на Меморандумите со Македонија „се покажува како правилен, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа“.
-Господинот Мицотакис преку неговиот портпарол, наместо да испрати јасна порака за поддршка на Договорот, се фали дека наводно е оправдан што веќе две години го поткопува, со нератификувањето на Меморандумите, во период на дестабилизација на Владата на Заев што ја прифати промената на уставното име на Македонија, и додека неговите истомисленици, оние од ВМРО, се закануваат дека ќе ги вратат името Македонија без придавка и иредентизмот, соопштуваат од СИРИЗА.
Додаваат дека меморандумите „обезбедуваат воздушниот простор на соседната земја да го надгледуваат грчки воени авиони“ и порачуваат дека „Владата на Мицотакис, не е опасна само за јавното здравје, туку и за надворешната политика на земјата“.
Ново на Сител
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога