Македонија
27. May 2017 - 13:42

Синоќа драма во Чаир: Беснееше голем пожар

На улицата Дижонска синоќа по полноќ се запали куќа. Полицијата денеска информира дека се запалила куќата на 32-годишниот Љ.A. од Скопје, во 2 часот и 20 минути.

Од засега неутврдени причини настанал пожар во кој биле опожарени покривната конструкција и дел од покуќнината на горниот кат, информираат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Противпожарната единица.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.