Сингапур најави целосно исфрлање на пасошите в година
Aеродромот „Чанги” во Сингапур најави целосно исфрлање на употребата на пасошите од почетокот на 2024 година. Тоа, според надлежните, ќе значи автоматска гранична проверка, само со помош на биометриски податоци.
– Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши. Биометриската технологија, заедно со софтверот за препознавање лица, веќе донекаде се користи на „Чанги“. Но, новововедените методи ќе ја намалат потребата патниците повторно и повторно да ги вадат патните исправи, што ќе го олесни процесот на проверка, изјави сингапурската министерка за комуникации, Жозефин Тео во државното Собрание.
Биометриските податоци ќе се користат за создавање тн. „токен за автентификација“ што ќе се користи на различни точки – од предавањето и преземањето багаж до качувањето на авион. Во сите овие ситуации, патниците веќе нема да мора секојпат да ги покажуваат пасошите или картите на службениците.
Аеродромот „Чанги“ во Сингапур се смета за еден од најдобрите и најпрометните во светот. Опслужува над 100 авиокомпании кои летаат до 400 дестинации во околу 100 земји и области.
Стручњаците сметаат дека биометриската идентификација е иднината на воздушниот сообраќај. Во 2018 година, и Меѓународниот аеродром во Дубаи воведе биометриски „паметни порти“ што користат препознавање на лицето и отпечатоци од прсти, па го потврдуваат идентитетот на патниците во рок од пет секунди.
Технологијата за препознавање лице во одреден степен се користи и во Хонг Конг, Токио, Меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во Делхи, Индија, „Хитроу“ во Лондон, како и „Шарл де Гол“ во Париз. И во САД, големите компании, како што се „Американ ерлајнс“, „Јунајтед“ и „Делта“ експериментираат со биометриско пријавување, пуштање багаж и качување на одредени аеродроми.
Ново на Сител
-
Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат
-
Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра
-
Јаневска и Андоновски на средба со Захариева: Македонија се фокусира на науката и иновации и добива зголемена поддршка од програмите на ЕУ
-
Левица: Два дена по избори - тони ѓубре во Ново Лисиче
-
Кривична за лихвар од Прилеп, наплатувал три пати поголем износ од позајмената сума
-
УЈП: Навремено да се поднесати ДДВ-04 пријавите и да се плати даночниот долг за третиот квартал од 2025 година
-
19-годишник од Скопје паднал со мотицикл и тешко се повредил
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија