Балкан
2. September 2022 - 20:49

Силно невреме ја зафати Бугарија, 20 луѓе беа спасени со хиликоптер | ВИДЕО

Невреме ја зафати Бугарија, а најтешко беше погодено селото Богдан по силниот дожд, па над 20 луѓе беа спасени со хеликоптер.

Првите информации од Бугарија покажуваат дека нема загинати или повредени, а селата Богдан и Каравелово се поплавени.

Силните дождови ги зафатија населените места и предизвикаа голема материјална штета, односно уништени се неколку мостови и оштетени се патиштата.

„Навистина е чудо како нема жртви. Таков потоп не се случува секој ден. Нема ниту повредени лица и тоа е добро“, кажа Николај Николов, директор на Главната дирекција „Противпожарна безбедност и заштита на населението“.

Видеото може да се погледне ТУКА.