-->
-->
Силјановска до Заев: Од каде смрди рибата, народот ќе испорача „метла" на 5 мај
-->
Се чудам од каде смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „Метлата" на 5 мај!, напиша на Твитер Гордана Сиљановска-Давкова откако вчера на трибина Заев најави чистка.
Кандидатката за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска вели дека политиката мора да се врати во рамките на правото. „Само ако законите се во согласност со Уставот и ако тие се применуваат подеднакво за сите нас, може да ја вратиме довербата во институциите“, напиша на Твитер Сиљановска.
Претходно Заев рече дека оделе на убедлива победа.
- Близината на гласовите вика дека се враќа режим, се враќа Груевски, а тоа никој не го сака. Да ги вратиме насмевките на лицата и да засукаме ракави во наредните две недели. Не се работи за СДСМ, за коалициони партнери, туку за татковината. Не нуди алтернатива освен само квази-националистичка реторика. Едвај чекаат да се вратат и да ја доразграбаат државата. Ние ја примивме пораката дека има незадоволство од централната и окалната власт. Најавувам дека секако ќе има чистка и секако ќе расчистиме. После изборите ќе се случат промените. Ќе дојдат нови и поучени од грешките на претходниците - рече Заев на трибна синоќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи