Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства

Родово одговорното буџетирање е всушност добро буџетирање, бидејќи ги разоткрива нееднаквостите скриени зад буџетските линии и овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства за потребите на жените и на мажите, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање на Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, кој се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во рамки на регионалната Мрежа за родово-одговорно буџетирање (Gender Budget Watchdog Network - GBWN).
Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства за потребите на жените и на мажите
Советот на Европа, нагласи претседателката го дефинира родово одговорното буџетирање како задолжително вклучување на родовата перспектива во сите фази на буџетскиот циклус.
-За мене, тоа не е само техничка процедура, туку алатка за подобро креирање политики коишто носат транспарентност, отчетност и правичност во јавната потрошувачка. Родово одговорното буџетирање е изразито трансформативен инструмент, оти значи системска промена во начинот на којшто државата ги гледа, разбира и решава општествените потреби, нагласи таа.
Како држава со ограничен фискален простор, но со сериозни реформски обврски, рече претседателката, паметните evidence-based jавни финансии не се избор, туку обврска.
-Водена од оваа логика, како пратеничка го поддржав усвојувањето на амандманите поднесени од Центарот за истражување и креирање политики со коишто во 2022 година се отвори патот кон системско интегрирање на родовата перспектива во планирањето и во извршувањето на буџетот. Но, свесна сум дека имплементацијата сè уште е нецелосна и токму затоа, граѓанската заедница ја гледам како исклучително важен партнер на Владата во исполнување на обврските коишто произлегоа од реформата, нагласи Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека овој форум ја истакнува темата која не е родово неутрална, а е од суштинско значење за нашата иднина: климатската криза.
-Жените и мажите се соочуваат со различни типови на ранливости: во земјоделството, во транспортот, во здравството или при справување со катастрофи. Затоа, ефективната климатска политика бара длабоко разбирање на овие разлики. Ако не ги анализираме улогите, потребите и ограничувањата коишто произлегуваат од родовите норми, ризикуваме климатските мерки непланирано да создадат уште поголеми нееднаквости. Пред вас се важни прашања: Како да се креираат климатски и родово одговорни капитални инвестиции? Како да се подобри женското учество во зелените економии? На кои сектори треба првенствено да се насочи родово и климатски сензитивното буџетирање? Како да се гради култура на институционална отчетност? Како да се искористат податоците, дигиталните алатки и индикатори за следење на напредокот? За мене, многу важно е што на форумот, во духот на глобализацијата, ги спојувате глобалните искуства со локалните предизвици, заедно со локалните власти, руралните заедници и граѓанските организации, токму оние што се на првата линија на адаптацијата кон климатските промени и справувањето со нив, рече претседателката.
-Да сумирам: родовата еднаквост и климатската отпорност се темелот на одржливата иднина. Пронаоѓањето одржливи решенија за овие предизвици ќе биде од суштинско значење за владите во целиот регион, нагласи претседателката.
Регионалната директорка на Мрежата за одговорно буџетирање, Марија Ристеска во своето обраќање изјави дека во целиот регион и на глобално ниво граѓанското општество најчество прво ги утврдува јазовите меѓу заложбите на политиките и реалноста.
Таа истакна дека владите јавно се заложуваат за родова еднаквост, но без транспарентен, отчетен родово одговорен буџет и буџетски практики.
-Тоа значи дека останува ризикот тоа да остане само ветување и затоа и надзорот од страна на граѓанските органзизации со помош на алатките за буџетирање е неопходен и Мрежата обезбедува докази и глас на оние кои се помалку вклучени и маргинализирани, додаде таа.
Ристеска рече дека преку следењето на трошоците, анализа, преглед на буџетското извршување, процена на родовото влијание, може да се согледа кој има корист, кој е исклучен и што треба да се промени.
Таа нагласи дека и климатските промени не се родово неутрални и финансирањето за нив не може да биде родово слепо. Додаде дека руралните жени, постарите жени, Ромките, маргинализираните жени не се подеднакво погодени од поплави, топлотни бранови, прекин во снабдување со електрична енергија и ова треба да се земе предвид при донесувањето одлуки поврзани со климатските промени.
Амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер истакна дека родово одговорното буџтирање е особено важно во јавното управување во Австрија и е вклучено во нивниот Устав.
Тој нагласи дека родовата еднаквост е потребна на сите нивоа и оти клучна е транспаретноста во јавното управување со јавните финансии во оваа смисла.
Нагласи дека има напредок изминативе години во однос на родово одговорното буџетирање, а сега е и формално интегрирарно во земјава.
Памер додаде дека Австрија е една од најсилните поддржувачи на проширувањето на ЕУ, особено со земјите од Западен Балкан и додаде дека една од фазите е и климатското финасирање, што е особено важно бидејќи климатските промени и социјалните нееднаквости се меѓусебно поврзани.
Заменик-амбасадорка на Шведска во земјава, Елизабет Далберг Фриск во своето обаќање истакна дека често пати се вели дека треба да ги следиме парите, кога ја бараме вистината, еднаквноста и правдата.
-Понекогаш треба навитина да преземеме улога на чувар на локално и глобално ниво, а за родовата еднаквост како што знаеме се уште не е реалност во некои од нашите општества, рече таа и додаде дека родовата еднаквост не е само вредност, кон која треба да се стремиме, туку е и двигател на напредокот.
Далберг Фриск истакна дека за Шведска родовата еднаквост е суштинска вредност на шведската внатрешна политика, а овој аспект е суштински и за самиот процес на евроинтеграција, во кој Шведска силно ја поддржува земјава.
Директорот на Директорат за Европска Унија во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Андреј Лепавцов изјави дека овој настан покажува дека нашиот регион има капацитет, волја, визија да напредува преку политики што ја ставаат еднаквоста во центарот на неговиот развој.
Тој нагласи дека родовата еднаквост е цел за секој одржлив развоен процес, ниту еден регион не може да биде конкурентен, отпорен, ниту пак иновативен доколку половина од неговиот талент, интелигенција и потенцијал не учествуваат рамноправно.
-Во изминатите години нашите општества направија значителен исчекор, родовите перспективи се повеќе се интегрираат во клучните реформски процеси, како што се зелената транзиција, дигиталната трансформација, справувањето со демографските предизвици, социјалните политики и климатските инвестиции, рече тој и додаде дека родовата одговорност не е некаква административа обврска, туку алатка што го прават секое решение посеопфатно, попаметно и поефективно.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
-

Приведен 30-годишник од Неготино кој му се заканувал на својот татко
-

Тојота го претстави новиот ГР ГТ
-

Премиерот Мицкоски очекува брза процедура за избор на нов главен јавен обвинител
-

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на Документарец и повик за активно граѓанско учество
-

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
-

Кривична за Оливер Спасовски, спречил одземање лиценца на технички преглед во Сарај
