Свет
24. March 2018 - 13:51

Силен земјотрес крај брегот на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска подрачјето на околу 180 километри од местото Рабаул на островот Нова Британија, кој припаѓа на Папуа Нова Гвинеја.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот е регистриран на длабочина од 60 километри.

Тихоокенаскиот центар за предупредување за цунами наведе дека нема опасност од цунами.