Силен ветер и дожд ја парализираа Босна и Херцеговина, активиран жолт метео аларм
Издадено е жолто предупредување за поголемиот дел од БиХ поради предвидениот ветер кој ќе дува до 70 километри на час за регионите на Вишеград, Сараево и Тузла.
Предупредувањето е издадено за регионот Бањалука поради предвидените удари на ветрови меѓу 40 и 60 километри на час, додека за регионот Приједор се предвидуваат удари на ветерот да биде меѓу 50 и 70 километри на час, пишува N1.
„Очекувајте мало нарушување на активностите на отворено. Внимавајте на отпадот што го носи ветрот“, беше објавено на веб-страницата на Федералниот хидрометеоролошки завод.
За Вишеградскиот регион количината на врнежи се очекува да биде меѓу 20 и 40 литри на метар квадратен.
„Бидете свесни за потенцијалот за локализирано поплавување на мал број имоти, со локално нарушување на активностите на отворено. „Тешки услови за возење поради намалена видливост и неконтролирано движење на возилата поради врнежи“, се наведува во предупредувањето.
Предупредување е издадено и за регионот на Сараево бидејќи се очекува количината на врнежи да биде меѓу 15 и 30 литри на метар квадратен, а за Тузла очекуваната количина на врнежи од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен.
Ново на Сител
-
Објавен тестаментот на папата Франциск
-
Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици