Шведски демократи со реклами ќе ги одвраќаат мигрантите од доаѓање во Шведска

Антиимигрантската партија Шведски демократи соопшти дека ќе почне рекламна кампања во странските медиуми, за да ги откаже мигрантите да доаѓаат во Шведска.
Шведски демократи е трета по големина во Шведска по изборите од 2014 година дека ќе објави платени реклами во Јордан, во Либан и во Турција, каде илјадници бегалци живеат во кампови.
Можно е партијата да закупи и рекламен простор и во печатените и електронските медиуми во Германија и Данска, земји преку кои бегалците транзитираат кон Шведска.
- Нема да има подобра идниан во Шведска. Тука имаме кампови со шатори. Времето во Шведска е студено и паѓа снег, Има недостиг на ресурси како за нашето население, така и за луѓето кои доаѓаат тука, изјави портпаролката на Шведски демократи Паула Билер.
Шведски демократи имат за цел да го намалат бројот на мигранти на повеќе од 90 проценти.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
