Швајцарската амбасада доби високо општинско признание по повод „7 Септември“
Амбасадата на Швајцарија го доби највисокото општинско признание за значајни остварувања во 2019 година по повод „7 Септември“ – Денот на ослободувањето на Кочани. Признанието беше доделено на свечена седница на Советот на општината како благодарност за донацијата од 21 милион швајцарски франци за изградбата и опремувањето на регионалната пречистителна станица за отпадни води.
-Изградбата на станицата за третман на отпадните води е еден од најважните инфраструктурни проекти во регионот што беше ставен во функција пред околу два месеца, а стана реалност со помошта што ја добивме од Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи – SECO. Во рамки на објектот се изгради и фотонапонска соларна централа за електрична енергија, а со финансиска поддршка од граѓаните на Швајцарската конфедерација денеска почна и реконструкцијата и проширувањето на патот до селото Мојанци, каде се наоѓа пречистителната станица, истакна градоначалникот Николчо Илијев.
Во рамки на свеченоста „75 години слободно Кочани“ наградата за животно дело постхумно му беше доделена на Драган Петров, директор на поранешна „Нова трговија“ и иницијатор за изградбата на трговскиот центар во Кочани.
На сите противпожарни единици и шумски стопанства кои помогнаа во гасењето на неодамнешниот голем шумски пожар на Осоговските Планини им беа доделени посебни признанија.
Благодарница за покажаната хуманост и во спасувањето човечки живот доби пожарникарот Драган Апостолов, а за поддршката во зачувувањето на природата и заштитата на Осоговските Планини признание добија Македонското еколошко друштво и „Фармахем“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава