-->
-->
Што значи зборот „АМИН“?
-->
Ова е еден од ретките хебрејски зборови кој во литургијата на христијанството влегол во својата неизменета форма поради својата вонредна светост. Тоа не би требало да чуди бидејќи во евангелијата е употребен дури 77 пати.
Во превод од Хебрејски тоа би значело: навистина, неспорно, без сомнеж…
Амин е декларација, потврда на нешто, што може да се најде во Хебрејската Библија. Етимолошки, доаѓа од хебрејскиот глагол, „аман“ што се преведува како „засили“ или „потврди“. Меѓутоа, коренот на овој збор е општосемитски и може да се најде и во армејскиот јазик кој го користел и самиот Исус Христос. Зборот „амин“ преминал од јудеизмот во грчкиот јазик на раната црква, а од таму во латинскиот од каде подоцна се расејал по целиот европски континент. Вреди да се спомене и дека латинскиот јазик бил официјален јазик на Источното римско царство, односно Византија се до 610-тата година, но и во периодот на обединетото Римско царство.
Одговорот за тоа како кај нашиот народ стигнал овој збор е тешко да се пронајде, но поголеми се шансите дека тој дошол од грчкиот јазик, бидејќи христијанството на овие простори е превземено од Цариград. Христијанството на овие простори било присатно уште од 9-тиот век, за што постојат голем број на докази и документи. Целата територија на Балканот во првите 10 века всушност била под јурисдикција на Рим, кој во тој период бил во цутот на христијанството, се до поделбата на царството.
Некои граматичари сметаат и дека преводот на овој збор кој толку често се споменува во христијанскиот свет всушност значи „да се биде цврст“, „да се потврди“, „да се има вера“ или „да се верува“. Интерено е и дека во арапскиот јазик тие имаат збор „амана“ кој се користи на истиот начин и со истото значење како и кај Христијаните и Евреите, при завршување на молитвата.
Легендите велат и дека примарно зборот произлегува од египетскиот фараон и бог Амон, кој во некои записи е напишан токму како Амен. Според историските податоци, Амон или Амен во извесен период се соединил со богот на сонцето Ра, така што настанала легендата за Амон-Ра. Со тоа тој станал врховен и без конкуренција олицетворение на создателот на светот. Историчарите токму овој момент го сметаат за коренот на создавањето на еднобоштвото во светот и сите религии кои подоцна се оформиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени