Македонија
31. March 2023 - 12:33

Штипските јавни претпријатија ќе ангажираат лица во социјален ризик

Штипските јавни претпријатија, „Исар“ и „Стипион“ работно ќе ангажираат дополнителни лица за извршување на јавни работи во општината. Мерката е наменета за долготрајно невработени, лица постари од 55 години и од социјално загрозените категории. Предлог одлуката ја изгласаа штипските советници, по што останува да се распише јавен повик на кој треба се пријават лицата кои ги исполнуваат условите. Паричниот надоместок е обезбеден од општинската каса, а јавните претпријатија имаат обврска да го платат осигурувањето.

- Вкупните примања за лицата е предвидено да биде 13.333 денари. Во оваа сума е предвиден и персонал данок на доход, односно, не е предвидено осигурување при повреда на работа и врз основа на договорот кој ќе биде склучен со лицата, сите останати примања и социјалните права коишто ги користат од Центарот за социјална работа, нема да им се сметаат како приходи, изјави Вања Џамбазова Николова - ЛС - Штип.

Во зависност од потребите на јавните претпријатија, предвидено е работно ангажирање на 30 лица, во временски период не подолг од 8 месеци.