Свет
17. December 2015 - 8:32

Шпанскиот премиер доби удар во лицето за време на предизборна кампања

Шпанскиот премиер Маријано Рахој доби удар во лицето за време на предизборна кампања во својот роден регион Галиција.

Премиерот (60) не е повреден во инцидентот, но подоцна се појави со црвена трага на лицето, јавуваат локални медиуми.

Еден млад човек силно го удри премиерот по што на Рахој му паднаа очилата во момент додека минувал низ улици на градот Понтеверда за време на кампања. Младиот човек за кој е утврдено дека е малолетен, е уапсен, соопшти полицијата.