Шпан: Патувањата во ЕУ ќе бидат можни и без потврда за вакцинација
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан смета дека летниот одмор во рамките на Европската унија ќе биде можен и без потврда за вакцинација со негативен тест за коронавирус, пренесуваат германските медиуми.
– Во рамките на Европската унија, патувањата, најверојатно, повеќе нема да зависат од вакцинацијата. И со помош на тестирање ќе биде можно да се движите низ Европа, изјави министерот Шпан за „Рајнише пост“.
Тој рече дека нема да патува во остатокот од светот.
„Во оваа последна фаза од пандемијата, ќе отстапам од патувања во оддалечените делови на светот. Накратко речено: Северно Море наместо Тихиот Океан”, рече Шпан.
Бундестагот, по Долниот дом на германскиот Парламент, вчера ја одобри владината уредба со која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.
Според уредбата, која треба да стапи на сила утре, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го преживеале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.
Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци