Шолц се сретна со емирот на Катар за да разговара за Израел и Хамас
Германскиот канцелар Олаф Шолц одржа средба со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, еден од најистакнатите поддржувачи на радикалното палестинско движење „Хамас“, како дел од дипломатските напори за намалување на тензиите околу конфликтот на Блискиот Исток, јави ДПА.
Шолц го прими емирот во канцеларијата, по што двајцата се упатија на работен ручек. Заедничка прес-конференција не беше планирана.
По саботниот напад врз Израел од страна на движењето Хамас кое владее со Газа, Катар го обвини само Израел за ескалација на ситуацијата и укажа на „постојаното кршење на правата на палестинскиот народ“.
Но, според Хамас, Катар исто така се обидува да посредува во размената на израелски заложници и палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори.
Средбата се одржа само неколку часа откако Шолц го информираше парламентот за владината позиција за настаните во Израел, во која го увери Израел за цврстата солидарност на Германија.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
