Шокантно и бизарно: „Шмркање“ кондом, потенцијален смртоносен предизвик!

Кога користење на кондом била лоша идеа? Кога се обидувате да го "ушмркате" во нос и да го извлечете низ уста. Ако се прашувате зошто тоа некој би го павел, вероватно не сте слушнале за предизвикот "вшмркување кондом".
Процедурата подразбира земање кондом (нов, искористен би ги влошил работите), неговото вовлекување преку едната ноздрва и потоа се обидувате да го извлечете од грлото, додека истовремено го снимате целиот процес, и ќе го објавите видео на Јутјуб.
Оваа "забава" и не е нова. Постои веќе неколку години, но повторно ја доживува својата "реприза".
Уште 2007, објавена е снимка на Јутјуб, со таква содржина, а предизвикот повеќе внимание доживеал 2013 година. Корисниците на оваа платформа "Savana Strong" покажале како се "вшмркува" кондом со музиката на Тејлор Свифт, потсетува Форбс.
Сега повторно на интернет се појави пост на кој се рекреира овој потенцијален смртоносен "предизвик".
Што би можело катастофално да се случи кога се обидувате да двишете предмет поголем од ноздрвата кој е направен од латекс, а внатрешноста му е премачкана со лубрикати и спермициди?
Како прво, единствена работа освен воздухот кој треба да се вдишува преку носот се спрејови и тоа ако лекарот ви ги препишал. Се друго може да ја оштети слузокоќата во вашиот нос, предизвикувајќи алергиска реакција, инфекција или гушење, бидејќи кондомот лесно може да се заглави во носот и грлото.
Ново на Сител
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
