Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви
Пензионерите, лицата со попреченост и лицата со ретки болести се само дел од категориите на граѓани кои ќе добијат бројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на градот Скопје во следните четири години.
Повеќе од 85 илјади пензионери ќе можат секојдневно бесплатно да ја користат јавниот превоз. На овој начин, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, градот Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани кои се ризична категорија.
Исто така, со оваа мерка ќе се намали и метежот во јавниот превоз, што ќе вратат и голем број на помлади патници.
– Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин го запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на училиште, вели Шилегов.
Постојаната комуникација со секој наш сограѓанин и подадена рака на секој на кого му е потребна е препознатлив пристап за нас. Ни претстои една поинаква приказна во социјалната слика на градот.
СДСМ
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o