Шилегов: Не може на скопјани да им кажете „Аминта“ е „Ленинова“ и „Јордан Мијалков“ „Железничка“
Во Тема на денот во Дневникот на Сител, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за враќањето и менувањето на имињата на улиците кажа дека сега се создава регистар и од него ќе се извлечат имињата на некои улици кои треба да се променат.
- Она што го работиме ние сега е зголемување на регистарот на имиња на улици во Град Скопје. Градот Скопје досега има околу 590 имиња, ние го зголемивме за 570 плус. Значи околу 1150-1160 имиња од кои подоцна се црпат новите имиња. Е сега, градот е традиција, не можете вие на скопјани да им кажете оваа улица е „Аминта“, таа била „Ленинова“ од ’45-та наваму. Не може да се вика „Јордан Мијалков“, таа е „Железничка“, појаснува Шилегов.
Вели дека градските власти мора да се прилагодат на навиките на граѓаните кога носат вакви одлуки.
Шилегов појаснува дека ова е процес што траел една година каде граѓаните можеле да достават свои предлози за имиња на улиците.
- Сите предлози на граѓаните беа внесени и се дел од овој регистар. Комисијата утре заседава и дефинитивно ќе го оформи (ставот) заради некои реакции што ги имаше, рече Шилегов.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
