Шилегов: Иванов ги прекрши Уставот и законите
СДСМ смета дека претседателот Ѓорге Иванов ги прекршил Уставот и законите и направил политичка дискриминација со барањето да се обезбеди мнозинство пратеници како услов да го додели мандатот за составување влада
- Укажуваме Ѓорѓе Иванов ги крши Уставот и законите и дека тоа повлекува одговорност за Иванов. Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Иванов, додаде Шилегов, го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. - Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев. Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик, посочи Шилегов.
На новинарско прашање дали СДСМ почнале да собираат потписи од пратеници Шилегов рече дека СДСМ работи на изнаоѓање решение коешто ќе доведе до брзо, ефикасно формирање на нова влада, којашто влада ќе ги надмине проблемите во Македонија и ќе го подобри животот на граѓаните.
Во коментар на условите коишто треба да бидат содржани во програмата Шилегов рече дека таа се презентира до пратениците и е предмет на усвојување од страна на Собранието, а не од Иванов.
Прашан дали се точни инфирмациите дека ќе има реизбор на судии ако СДСМ формира нова влада Шилегов рече дека една од програмските определби на СДСМ беше целосен реизбор во судството во Македонија.
Ново на Сител
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка