Шилегов: И врапчињата знаат дека Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ
И врапчињата знаат дека Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ а се крие дека е независна кажа градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во денешната Тема на денот во Дневникот на Сител.
-Ако е независна, која е листата на независни советници? Тие што се кријат како независни, ја убиваат граѓанската иницијатива и се уништува невладиниот сектор. Ми пречи тоа. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш објавувал „независни“ кандидати, како Иванов, Силјановска-Давкова и Љубиша Георгиевски и после тоа тие т.н. независни стануваат најревносни партиски послушници. Најголемата опозициска партија се срами се да излезе пред скопјани во оваа ситуација, потенцира Шилегов.
Тој додаде дека е горд што е кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ и никогаш не се криел дека е социјал-демократ.
Ново на Сител
-

Денес се празнува Благовештение на Пресвета Богородица - Благовец
-

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика
-

Венс пристигна во Будимпешта
-

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија - САД
-

Иранската војска ги отфрла „арогантната реторика“ и заканите на Трамп
-

Шефицата на ММФ предупредува: Војната на Блискиот Исток води до повисоки цени и побавен раст
-

Гаши ќе се сретне со досегашните претседатели на Собранието
-

Сончево и топло до 26 степени
