Шеснаесет турски војници загинаа во напад врз конвој извршен од ПКК
Турската армија денеска соопшти дека 16 турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад врз воен конвој извршен синоќа од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел од земјата.
Курдските бунтовници активирале експлозивна направа, поставена на патот кај селото Даглеџа, во округот Хакари, кога минувале две оклопни возила, се наведува во армиското соопштение.
ПКК, пак, претходно денеска објави дека нејзините борци убиле 31 турски војник во нападот, по што следеле судири.
Армијата, исто така, соопшти дека турски авиони-ловци денеска бомбардирале 23 позиции на ПКК.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу веднаш остварил контакт во Анкара со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Хулуси Акар.
Нападот врз воениот конвој во округот Хакари е најсмртоносниот напад извршен од ПКК во последниот период.
Ново на Сител
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф