Шекеринска во трка за позиција во НАТО
Радмила Шекеринска е една од двете најсериозни кандидатки за заменична на новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте објави европското издание на „Политико“.
Актуелниот заменик генерален секретар Мирчеа Џоана се очекува да се повлече за да учествува на претседателските избори во Романија во ноември велат функционери на НАТО за „Политико“.
Висок НАТО дипломатод Западна Европа вели дека има генерален консензус меѓу сојузниците дека за заменик на Руте треба да биде назначен источноевропеец.
Според „Политико“ разговорите во седиштето на НАТО во Брисел се околу две поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија.Позицијата најверојатно ќе и припадне на жена од Источна Европа, рече поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску.
Руте треба официјално да стапи на функција на 2 ноември.
Името на поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска се споменува во круговите на НАТО според висок НАТО функционер. Ако биде назначена ќе биде највисок функционер од Западен Балкан во алијансата.
Другата кандидатка која се споменува е поранешната бугарска еврокомесарка Марија Габриел, според двајца НАТО функционери запознати со плановите, јави „Политико“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, не постои опасност од излевање
-
ВМРО-ДПМНЕ бара сите пратеници да го поддржат Предлог законот кој ќе овозможи линеарно покачување на пензиите
-
Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните
-
Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни
-
Муцунски во работна посета на Шпанија
-
Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба
-
Најмалку 143 лица настрадаа, а 58 се водат за исчезнати по налетот на тајфунот Јаги во Виетнам
-
Илон Маск на пат да стане првиот билионер во светот