-->
-->
Шекеринска на трибина во Струга: Сега е моментот да ги прашаме граѓаните, со чист образ и одговорност одиме на избори на кои ќе докажеме дека продолжуваме на прав пат!
-->
Сега е моментот да ги прашаме граѓаните, ќе се пишманиме или ќе продолжиме напред рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред стружани.
Шекеринска ги повика граѓните да се приклучат на патот кој обезбедува градење на стабилна и европска држава.
- Сите знаеме дека го даваме максимумот кога ни било најтешко. Денес можеби не е најтешко, но е најважно. Да тргнеме во еден процес со кој ќе покажеме дека државата не се колеба, сакаме нашите деца да живеат европски живот, дома, во нашата татковина. Затоа бараме од граѓаните да продолжат со нас. Излегуваме со чист обрз и огромна одговорност, тоа што го ветуваме, го ипорачуваме, одиме на избори на кои ќе докажеме дека продолжуваме на прав пат. За само две и пол години направивме огромен број на реформи од кои граѓаните имаат вистински и реални придобивки и тие добро го знаат тоа, порача Шекеринска.
Немаше европски лидер кој не му се јави на премиерот Заев. Историската грешката е во Европската Унија а не во нас. Тоа беше нивната порака. Поддршка имаме од нашите меѓународни пријатели, затоа не се колебаме и не губиме здив, туку уште поинтензивно, да продолжиме напред по прав пат, додаде Шекеринска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ИОМ: Повеќе од 670 загинати во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не предвидува еднострано менување или поништување
-
ВМРО-ДПМНЕ: Се уште нема конечен договор со ЗНАМ
-
Најмалку 12 загинати и 43 повредени во рускиот напад на хипермаркет во Харков | ВИДЕО
-
Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА
-
ОJO ќе го истражува неработењето на хируршките сали на Клинички
-
ЦУК: 7-годишно дете, две жени и маж спасени со чамец од Пчиња
-
Средба за соработка помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ