Шекеринска и Апостолакис потпишаа Договор за одбранбена соработка
Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска на денешната билатерална средба со министерот за национална одбрана, Евангелос Апостолакис, дел од високата грчка делегација предводена од премиерот Алексис Ципрас, кој е во официјална посета на нашата држава, потпишаа нов сеопфатен Договор за соработка во одбраната, 20 години по потпишувањето на првиот Договор за соработка од овој тип, информираат од Министерството.
– Денеска сме сведоци на огромен чекор напред во зацврстувањето на соработката во одбраната меѓу Северна Македонија и Грција. Иницијативата за потпишувањето на Договорот произлезе од нашата прва министерска средба на 13 февруари во Брисел. Од нашиот прв состанок зборуваме со еднаква посветеност суштински да ја засилиме соработката во одбраната, да покажеме дека сојузништвото во НАТО кон кое нè води Преспанскиот договор е исклучиво во интерес на граѓаните на двете земји. Договорот за соработка во одбраната ја покажува нашата посветеност за соработка, рече министерката на заедничкиот состанок на двете делегации.
Министерот Апостолакис потенцираше дека неговата денешна посета на нашата земја како дел од грчката официјална делегација предводена од премиерот Ципрас, претставува печат на силната волја да се засили и прошири билатералната соработка и да се подигне на ниво на стратешко партнерство во областа на одбраната. Тој рече дека двете земји ја пратиле пораката на помирување и соработка.
– Договорот за соработка во одбраната што го потпишавме е јасен доказ за нашата силна намера да отвориме нова ера во билатералната одбранбена соработка меѓу двете Армии, рече Апостолакис и потенцираше дека тој и министерката Шекеринска имаат еднаква решеност соработката што поскоро да покаже резултати.
Во договорот, како што соопштуваат од Министерството, се наведени областите на соработка од взаемен интерес – стратешки дијалог, одбранбената политика и доктрини, развој на одбранбените способности, одбранбеното планирање, логистиката, воената медицина, военото образование…
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми