Шекеринска – Апатурај: НАТО силно ја поддржува Македонија во процесот на пристапување во Алијансата

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска денеска имаше работна средба со заменикот-помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај, која се реализира во рамките на процесот за пристапни разговори на Македонија во Алијансата.
На средбата, министерката Шекеринска рече дека со целосна посветеност, храброст и решителност, Владата последната година работеше на три значајни прашања – Договорот со Бугарија, Договорот за прашањето за името со Грција и меѓуетничките односи во земјава. Во однос на членството во НАТО, Шекеринска додаде дека тимовите во Министерството се подготвени да ги започнат пристапните разговори и дека тој процес се движи според планираната динамика.
„Пристапните разговори кои се еден од последните чекори пред полноправно членство во НАТО ќе ни помогнат да останеме фокусирани, да работиме напорно и да ги избереме вистинските приоритети. Со изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како клучен документ, ги почнавме дискусиите за реформите во одбраната и подготвени сме да ги реализираме“, рече министерката.
Шекеринска потенцираше дека фокусот во одбраната од самиот почеток е на подобрувањето на условите за работа на припадниците на Армијата, а тоа се гледа и преку зголемувањето на одбранбениот буџет оваа година за 15 проценти, и планот за негово понатамошно зголемување до препорачаните 2 проценти од бруто-домашниот производ. Исклучително важно, рече Шекеринска, е и начинот на кој ќе ги трошиме средствата во одбраната, а во следниот период нашиот фокус е да иницираме планови за модернизација.
Заменикот – помошник генерален секретар на НАТО, Апатурај честитајќи за лидерството на Македонија во регионот, истакна дека земјата направи голем пресврт за краток период и дека добрососедската политика на Македонија е впечатлива и за соседите, кои дадоа силна поддршка за полноправното членство на земјата во Алијансата.
Апатурај се согласи дека е исклучително важно како ќе се троши буџетот за одбраната и понуди помош и поддршка од страна на НАТО. Тој изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија во мировната мисија на НАТО во Авганистан, кој е признаен од сите сојузници.
Ново на Сител
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
