Свет
10. February 2016 - 8:40

Шефовите на дипломатиите на шестте основачки земји на ЕУ повикаа на единство

Европската унија поминува низ критични времиња и сите нејзини членки треба да ги стават настрана себичните интереси за да се соочат заедно со проблемите како имиграцијата и тероризмот, изјавија синоќа на заедничка прес-конференција шестте земји-основачки на Унијата.

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Италија, Белгија, Луксембург и Холандија се сретнаа во Рим, градот каде во 1957 година беше потпишан договор, со кој се поставија темелите на денешната ЕУ. 

- Загрижени сме од состојбата на европскиот проект, констатираа министрите и додадоа дека чувствуваат голема одговорност за иднината на Унијата со оглед на тоа дека нивните земји се нејзини основоположници.

Средбата во Рим се одржа во услови на несогласувања во ЕУ во врска со начинот на кој треба да се надмине мигрантската криза. 

Ново на Сител