Балкан
17. јуни 2022 - 10:21

Шаленберг: ЕУ има одговорност и кон Западен Балкан, не само кон Украина

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Европската унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, коментирајќи ја вчерашната поддршка на Киев од лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија.

„ЕУ не смее да потпадне под геостратешкиот „тунелен поглед“. Ние имаме одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, кои се кандидати веќе неколку години“, објасни Шаленберг.

Александар Шаленберг истакна дека сега мора да биде јасно дека процесот на проширување е од посебно значење, пренесе Танјуг.