Шаќири се сретна со Македон и Или - деца генијалци
Македон Димитровски и Или Морина се иднината на Северна Македонија. Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да не поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата во МОН со двајцата основци за кои математиката е како игра.
Како што информираат од МОН, Македон со само седум години без проблем решава задачи наменети за средношколци, а 13-годишниот Или им држи часови по математика и физика на студенти од земјава и од светот.
-Тие се доказ дека нашата држава има одличен кадровски потенцијал кој бара институционален одговор, за да може целосно да се реализира. Во оваа насока се и нашите заложби, како Министерство за образование и наука, да им дадеме можности за квалитетна едукација, за развој на креативноста и иновативноста, со што ќе им обезбедиме добри услови за надградување, реализирање и работа. Токму тоа е целта на реформите на образованието, да овозможиме реализација на овие исклучителни потенцијали, нагласи Шаќири по средбата.
Поддршката за талентите, како што објасни Шаќири, почнува со нивно идентификување, во што неодминлива е улогата на наставниците, кои потоа работат со овие деца. Исто така, со сет политики, мерки и активности се вреднува, стимулира и поттикнува трудот на надарените, креативни и талентирани ученици.
Ново на Сител
-
Во четвртиот квартал лани превезени 942 илјади патници во патниот, 49 илјади во железничкиот и 790 илјади во воздухопловниот превоз
-
Мицкоски го поднесе Законот за реорганизација на Владата
-
Петровска поднесе кандидатура за претседателка на СДСМ
-
Поскапени цените во угостителските објекти
-
Мицкоски: Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада и реформи, за тое се потребни измени на Законот за државна управа
-
Синдикатот на полицијата поднесе пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски
-
Maкедонски државјанин фатен со 21 килограм амфетамин на ГП Ѓуешево
-
Битолчанец загина во сообраќајна несреќа