Северна Кореја потврди: Лансиравме ракета, ќе има уште

Северна Кореја потврди дека вчера лансираше ракета која ја прелетала Јапонија и ги погодила водите во Тихиот Океан, како што било и планирано.
Ракетата „Хвасонг-12“ со среден дострел, чие лансирање го надгледувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, го „пресече небото над островот Хокаидо и `ртот Еримо долж однапред одредена траекторија на летот и точно ги погоди водите во северниот Тихи Океан, извести севернокорејската новинска агенција КЦНА.
„Вежбата не влијаеше на безбедноста на соседните земји“, пренесува КЦНА, додавајќи дека севернокорејскиот лидер изразил „големо задоволство“.
- Ќе има уште лансирања на балистички ракети во кои Тихиот Океан ќе биде цел и во иднина, рекол Ким.
Ким Џонг-ун ја оквалификува ракетната проба како прв чекор во подготовките за воена операција предводена од Корејската народна војска во Тихиот Океан и вовед во запирањето на Гуам, што тој го опиша како истурена база за инвазија, објави ТАСС.
„Датумот на лансирање на ракетата намерно е одбран 29 август, во знак на одбележување на 107-годишнината од договорот меѓу Јапонија и Кореја од 1910 година, со кој Токио го колонизираше Корејскиот полуостров“, наведе КЦНА.
Според јужнокорејската војска, ракетата е истрелана од регион во близина на Пјонгјанг околу шест часот по локално време, летала околу 2.700 километри и достигнала висина од 550 километри.
Лансирањето на ракетата предизвика голема загриженост кај соседните земји, но и кој поголемиот дел од меѓународната заедница.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
