Северна Кореја држи во затвор американски државјанин обвинет за шпионажа

Канадски пастор, кој излежува доживотна пресуда во Северна Кореја за шпионажа, вели дека копа дупки по осум часа на ден во работнички логор, а натурализиран американски државјанин, тврди дека бил задржан од државата за шпионажа јави Си-Ен-Ен.
- Ја молам Владата на САД или на Јужна Кореја да ме спаси, вели 62-годишниот Американец Ки Дон-чул во интервју во хотел во Пјонгјанг. Toj се преселил во 2001 во северниот кинески град Јанжи, кој е центар на трговијата меѓу Кина и Северна Кореја. Оттаму патувал секој ден до Насон - специјална економска зона од севернокорејскиот дел на границата, каде бил претседател на компанијата во областа на меѓународната трговија и хотелиерството.
Ким вели дека работел за „јужнокорејски конзервативни елементи“ и требало да снима „воени тајни“. Тој бил уапсен во октомври 2015 за време на средба со еден од своите извори. Неговиот извор, 35-годишен поранешен војник во севернокорејската армија, исто така бил уапсен.
За две години шпионски активности, Ким заработил околу 5.300 долари.
Извор од Стејт департментот, одби да ја потврди информацијата.
Ново на Сител
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
