Сервер: Демаркацијата може да го дестабилизира Косово доколку се мобилизира насилство
Познатиот американски експерт за состојбите на Балканот Даниел Сервер смета дека демаркацијата на границата со Црна Гора може да го дестаблизира Косово, доколку одредено политичко движење успее да мобилизира насилство.
Според Сервер, демаркацијата може да се случи, иако, додава тој, Косово има многу позначајни прашања отколку обележувањето на граничната линија со соседната земја.
- Ова прашање може да биде дестабилизирачко доколку едно политичко движење успее да мобилизира насилство за да ги реализира сопствените цели. Има многу позначајни прашања во Косово отколку демаркацијата со Црна Гора, која, кога и да биде усвоена, ќе биде еден позитивен чекор. Демаркацијата со Црна Гора ќе биде едно добро нешто. Јас сум во очекување на денот кога ќе биде обележана и границата со соседната земја Србија, изјави американскиот аналитичар за balkaneu.com.
Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница на дневен ред е на денешната седница на парламентот во Приштина. Тоа требаше да биде единствена точна на дневен ред, но вчера доцна попладне е соопштено дека на седницата ќе има уште дна точка, а тоа е интерпелација за премиерот Иса Мустафа.
Во меѓувеме, поради најавените масовни протести пред парламентот, косовската полиција ја подигна готовеноста и видно е засилено обезбедувањето на овој и други државни институции.
Ново на Сител
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија