-->
-->
Серена тренира бокс со Мајк Тајсон
-->

Американската тенисерка Серина Вилијамс може да биде добра не само во својот спорт, туку и во боксот.
Американката тренираше со поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон, кој ја подучуваше.
„Удри по „крушата“ како што сакаш да ја удираш топката“, напиша Патрик Муратоглу, тренер на Серена, кој на Твитер објави видео од сесијата со „Железниот Мајк“.
За време на нејзината кариера, Американката има освоено 23 Гренд слем турнири. Неодамна, таа играше на УС Опен, каде стигна до финалето и загуби од 19-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску 3-6, 5-7.
На нејзината сметка, Серена има 72 ВТА титули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По 10 години притвор ослободен синот на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи
-

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“
-

Премиерот Мицкоски во посета на фабриката КОСТАЛ Македонија
-

Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија
-

Во Скопје 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста
-

Украина изврши напад на Русија со дронови, погодена рафинерија за нафта
-

Американскиот Сенат го одобри законот за финансирање, отворајќи го патот за завршување на блокадата на Владата
-

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров
