Фудбал
24. March 2022 - 22:51

Сензација во Палермо, Македонија го елиминира европскиот првак Италија

Македонската фудбалска репрезентација направи сензација во Палермо совладувајќи ја домашната селекција на Италија со 1-0 во полуфиналето од баражот за СП во Катар и ќе игра финале со Португалија која беше подобра од Турција.
Нашата репрезентација одигра одличен натпревар на тактички план и во финишот со голот на Александар Трајковски ги елиминира европските прваци.
Средбата со Португалија ќе се одигра во Порто.