Семинар „Шекспир во наставата“

„Шекспир во наставата“ е темата на семинарот за наставници од средни училишта, што ќе се одржи денеска во Скопје, како дел од активностите за одбележување на 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.
На семинарот е најавено учество на 30 професори по предметите македонски јазик и литература, англиски јазик, етика, филозофија, социологија, граѓанска култура и граѓанско општество. Вклучени се осум средни училишта од Скопје: „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Браќа Миладиновци“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Здравко Цветковски“, „Арсени Јовков“ и „Георги Димитров“.
Целта на семинарот е подготовка на активности за вклучување на младите во истражување на некои од клучните теми на општеството како инклузија, еднаквост и разнообразност, владеење, правда и човекови права, користејќи три дела на Шекспир - драмите „Хамлет“, „Бура“ и „Венецијанскиот трговец“.
Во рамки на кампањата GREAT на Британската влада, Британскиот совет ја организира глобалната програма „Шекспир живее“ (ShakespeareLives), за да се одбележи неговото дело и безвременско влијание ширум светот. Во соработка со партнери, вклучувајќи театри, музеи, образовни институции и уметници, програмата „Шекспир живее“ ќе вклучи нови продукции на драмите на Шекспир, филмски адаптации, изложби, јавни читања и образовни ресурси за училишта и сите оние кои учат англиски јазик. Проектот „Шекспир живее“ Британскиот совет во Македонија го реализира во соработка со Британската амбасада во Скопје.
- Во Македонија планираме активности за вклучување на младите во истражување на некои од клучните теми на општеството во кое живееме (инклузија, еднаквост и разнообразност, владеење, правда и човекови права) користејќи ги делата на Шекспир. Сакаме да ја искористиме годишнината на Шекспир за да им дадеме глас на младите да ја подигнат свеста за важните прашања кои помагаат во градење на слободно, на демократско и на единствено општество, информираат од Британскиот совет во Македонија.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
