Семејствата на загинатите не ѝ веруваат на бугарската истрага: Ова ќе оди до Стразбур
Членовите на семејствата на загинатите како и на преживеаните во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ не се задоволни од извештајот на бугарското обвинителство кој истакна дека причината за несреќата е тоа што возачот изгубил контрола врз автобусот и возел брзо, несоодветно за патот. Тие ќе бараат дополнителна истрага.
– Ќе бараме вистинска истрага. Ова ќе оди до Стразбур! Нека се истакне вистината, некој нека ја преземе одговорноста. Како може шоферот да ја надминал дозволената брзина? Кој автобус оди 120 на час? Јас цел живот сум шофер и тој пат сум го возел неколкупати. Вистината ќе излезе на виделина. Некој нека каже што имало во автобусот, а не дека возачот ја надминал брзината. Не може автобусот тукутака да изгори целосно за 30 минути! Одново ќе има вештачење. Ќе се оди во Стразбур. Немам доверба ни во нашата ни во бугарската држава веќе. Имаме живи луѓе што ја виделе вистината, не им веруваме, а веруваме дека е виновен шоферот, кој е мртов – изјави Ќамуран Пајазитовски, роднина на патник во автобусот на „Беса транс“ за „Слободен печат“.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола