-->
-->
Селта го елиминира Реал од „Копа дел Реј“
-->
Екипата на Селта Виго го елиминира Реал Мадрид во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија, односно, популарниот „Копа деј Реј“.
Во реванш четвртфиналниот меч одигран синоќа во Виго, средбата меѓу Селта и Реал заврши без победник 2:2, но благодарение на триумфот на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 екипата на Селта се пласира во полуфиналето.
А, таму место обезбеди и Атлетико кој во реванш дуелот со Еибар на гостински терен одигра нерешено 2:2, но пред седум дена во Мадрид славеше убедиво со 3:0. Ден порано пласман меѓу четирите најдобри во „Кралскиот куп“ обезбедија и фудбалерите на Алавез кои го елиминираа Алкоркон.
Последниот полуфиналист ќе биде познат вечерва по одигрувањето на дуелот на „Камп Ноу“ каде Барселона го пречекува Сосиедад со предност од 1:0 по мечот одигран во Сан Себастијан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи