Селма Хајек без грам шминка на Инстаграм
Прославената актерка Селма Хајек на Инстаграм објави фотографија на која го покажува своето лице без грам шминка.
Иако Хајек има 51 година, таа се уште ја носи славата на една од најубавите холивудски актерки. Таа ги импресионираше своите седум милиони следбеници на социјалните мрежи.
- Без филтри и фотошоп, напиша Хајек под фотографијата.
Актерката, која исто така се занимава со јога, објаснува дека го следи советот на нејзината баба, која и кажала да го исчисти лицето правилно. Друга тајна за убавината на Селма лежи во фактот дека ретко се сонча.
- Јас не применувам крема за сончање, освен ако сум принудена да останам цел ден на сонце. Мислам дека хемикалиите во кремот не се особено корисни за кожата. Можеме да ги користиме, но само кога е неопходно тоа, порачува Хајек.
Ново на Сител
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест