-->
-->
Селекторот и капитенот гласале за најдобриот
-->
Роберт Левандовски ја доби наградата на ФИФА, The Best, која му се доделува на најдобриот фудбалер во светот. Напаѓачот на Баерн со тимот ги освои сите трофеи во 2020 година, со ефект од 55 гола на 47 натпревари. Изненадувачки, наградата за тренер на годината му припадна на Јирген Клоп, кој во изборот победи пред стратегот на Баерн, Ханс-Дитер Флик.
Во изборот на ФИФА учествуваат селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите и навивачите.
Левандовски на крајот освои 52 гласа, Кристијано Роналдо 38, а Лионел Меси 35. Зад најдобрите тројца завршија Садио Мане (29), Кевин Де Брујне (26), Мохамед Салах (25), Килијан Мбапе (19), Тијаго Алкантара (17), Нејмар (16) и Вирџил ван Дајк (13).
Во изборот за тренер на годината, Клоп и Флик добија по 24 гласа, победи тренерот на Ливерпул, бидејќи добил повеќе гласови од селекторите .
Како гласаа селекторот и капитенот на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев?
Пандев гласал за Левандовски, Мбапе и Де Брујне за фудбалер на годината, а гласовите за тренер на годината од него ги добиле Флик, Бијелса и Клоп.
Ангеловски гласал за Левандовски, Меси и Салах, односно за Клоп, Флик и Бијелса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо