Македонија
28. November 2019 - 11:04

Секое трето дете во Македонија е физички малтретирано

Осум од 10 родители во Македонија користат психичко и физичко насилство врз своите деца во земјава.

Секое трето дете е физички малтретирано, а секое петто девојче е сексуално злоупотребено - ова се само дел од бројките изнесени на конференцијата  „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството вез децата од Западен Балкан“.

Учесниците истакаа дека треба да подигне свеста кај родителите за овој проблем, но и здравствените работници, наставниот кадар и полицијата да имаат соодветни обуки со цел да препознаат рани знаци на насилство кај децата.

Елена Милошевска