Седумдесет и три години од формирањето на Првата македонска дивизија
Денеска се навршуваат седумдесет и три години од формирањето на Првата македонска дивизија во кавадаречкото село Шешково.
- Во нејзиниот состав влегувале втората, деветта, десетта и единаесетта македонска бригада. Нејзиното дејствување во почетокот било концентрирано во реонот на тиквешијата, повардарието и прилепско, каде што се воделе големи борби со германските сили кои се повлекувале од Грција по долината на Вардар и патот Битола-Прилеп, информира историчарот Петре Камчевски, директор на кавадаречката Музеј галерија.
На 9 септември 1944 година, дивизијата со помош на населението го ослободила Прилеп. Во овие борби биле заробени околу 300 германски војници, 60 моторни возила, оружје, муниција и воен материјал. Од 11 до 16 септември дивизијата водела борби со германските единици, како и со еден специјализиран батаљон од составот полициска дивизија. Водела жестоки борби со истите единици се до 19 септември, кога германците повторно го заземале Прилеп.
Еден дел од дивизијата на 17 септември 1944 година водел борби со германскиот окупатор во реонот на Кавадарци и Дреновската клисура. Од 29 октомври до 2 ноември единиците на Првата македонска дивизија учествувале во борбите за Прилеп, кој бил ослободен на 2 ноември.
Од 15 до 17 ноември дивизијата учествувала во борбите за ослободување на Кичево и повеќе други села.
До крајот на декември 1944 година дивизијата учествувала во чистење на реонот на Качаник, Урошевац и Бујановац од одметнатите балистички банди, при што било заробено големо количество на оружје и воена опрема, посочи Камчевски.
Ново на Сител
-
Холандскиот крал до локалните муслимани и евреи: Да не внесуваме омраза на нашите улици
-
Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп
-
ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие
-
Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но историјата веројатно ќе го споредува со Слободан Милошевиќ
-
Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции
-
Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
-
Утрово најстудено во Крушево, најмногу снег на Шапка
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите