Македонија
21. December 2016 - 8:22

Седумдесет години Инженерска институција на Македонија

Инженерската институција на Македонија во која членуваат сите инженерски профили денеска организира свечено собрание, по повод 70 години од постоењето.

На собранието 20 здруженија и сојузи ќе потпишат декларација за заедничко дејствување во стимулирање и координирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини. 

Најавена е и промоција на монографијата „Инженерство – мотивација – инспирација“.