Седум загинати во трките со бикови низ шпанските градови

Седум лица загинаа од почетокот на јули во Шпанија, прободени со роговите од разгневените бикови, во трките низ улиците по шпанските градови.
Овие трагични инциденти се случиле во текот на одржувањето на популарните, но мошне опасни игри во кои биковите ги прогонуваат луѓето кои бегаат пред нив, што традицинално се одржуваат во рамките на летните фестивали во низа градови низ Шпанија.
Според шпанските медиуми, само во изминатиот викенд, во ваквите трки низ градските улици, настрадаа четири лица, што претставуваа невообичаено голем број жртви во перод од само четириесетина денови.
Најнови жртви се еден 36-годишен општински советник од гратчето Пенефил, кај Ваљадолид и 18-годишно момче кое во едно место близу до Навара, почина на самото место, откако беше прободено во стомакот со роговите на разлутениот бик.
Вакви инцициденти, ова лето се регистрирани, во регионите на Валенсија, Мурсија, Толедо, Кастелон и Аликанте.
Засега нема навестување дека е покрената поширока истрага околу причината за зголемениот број загинати во трките со бикови, иако не станува збор за инциденти во корида, во борба со бикови, туку на приредби кои се организираат за забава и кои привлекуваат многу туристи.
На ваквата приредба во Памплона, која е најпозната во Шпанија, секое лето доаѓаат посетители од разни делови на светот, но за опасната трка има се повеќе учесници од многу странски земји.
Во земјата се уште постојат и коридите и продолжува да се организираат борби со бикови, па само минатата година, во Шпанија се убиени над седум илјади бикови.Весниците во Мадрид пишуваат дека во земјата има повеќе од две илјади кориди.
Противниците на оваа забава, водат кампања за нејзина забрана, опишувајќи ја борбата со бикови како „варваризам“.
Досега само два шпански региони- Канарските острови и Каталонија- ја забранија коридата, која централните власти и понатаму ја сметаат во традиција по која се препознава Шпанија.
Шпански економски експерти, пак, тврдат дека коридата освен традиција претставува и вносен бизнис, кој на државната каса секоја година и носи по околу 300 милиони евра.
Ново на Сител
-

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник
-

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган
-

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај
-

Приведен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
-

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта
-

Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент
-

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција
-

МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
