Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисите за здравство, транспорт, врски и екологија и Законодавно-правна комисија.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка - второ читање.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог - законите за изменување и дополнување на законите за здравственото осигурување и за градежно земјиште, двата по скратена постапка - втор читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка - второ читање.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци