Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Комисијата за образование, наука и спорт.
На дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, како и предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, на Програмата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година и на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година.
Годишниот извештај на Македонската радио-телевизија за 2015 година е единствената точка по која на денешната седница ќе расправаат членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат за Предлог - законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје и по Предлог – законот за изменување на Законот за високото образование, и двата во второ читање.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
