-->
-->
Седници на собраниските комисии за култура и за европски прашања
-->
Јавна расправа за Предлог-националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година ќе се одржи денеска во собраниската Комисија за култура.
Со стратегијата, која со акциски план претходно беше усвоена на седница на Владата, треба да почнат темелни реформи во областа.
Децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво, се главните цели на културниот развој планирани за идните пет години.
Во Собранието за денеска е најавена и седница на Комисијата за европски прашања, на која ќе се расправа за Предлог-законот за високо образование, во прво читање. Предложениот закон е со европско знаменце.
- Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи, се наведува во предложениот текст на законот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада