Седници на шест собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика, Законодавно-правната и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Постојаната анкетна комисија организира јавна расправа на тема „Храната како основно човеково право“, пред Комисијата за политички систем е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, во прво читање, додека Комисијата за транспорт ќе расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, двата во второ читање.
Комисијата за труд ќе го разгледа Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка во второ читање, а Законодавно-правната комисија која ќе одржи две седници, ќе расправа по измените и дополнувањата на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители во прво читање и по измените и дополнувањата на Законот за минимална плата.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом