Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година
На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.
На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.
Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за прекршоците, на Законот за празниците во Република Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесено од пратеникот Никола Мицевски, Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од градоначалникот на Општина Радовиш и Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.
Ново на Сител
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители

