Седници на неколку собраниски комисии
Спогодбата помеѓу владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце-Прешево денеска ќе биде разгледувана од собраниската Комисија за надворешни работи.
Освен Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце - Прешево, на дневен ред на оваа Комисија е и Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции во земјоделство и рурален развој во Република Македонија.
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за прашања на изборите и именувањата, за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледа извештаите за работата на Агенцијата за разузнавање во 2014 година и на Управата за безбедност и контраразузнавање во 2014 година, како и Програма за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2015 година.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување предлог-одлука за избор на член на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да се изјасни за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, во прво читање и на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, во второ читање.
Предлог - законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање е на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици